More

    Владата за 7 дена треба да изготви финансиска конструкција за  примена на линерано покачување на нето платата на вработените во Пошта по што ќе продолжат преговорите за зголемување на платите

    spot_img

    Владата за 7 дена треба да изготви финансиска конструкција за  примена на линерано покачување на нето платата на вработените во Пошта по што ќе продолжат преговорите за зголемување на платите, информираа од Сојузот на синдикатите по денешната средба на Синдикатите во Пошта со директорот Јани Макрадули и со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

    Според ССМ, откако ќе биде изготвена финансиската конструкција, ќе се одржи повторно средба на вицепремиерот со Синдикалните организации и Управниот одбор за усогласување на динамиката за линеарно покачување на нето платата на вработените во националната Пошта, којашто е во државна сопственост.

    – Синдикатите сметаат дека сите заеднички треба да работат во насока на изнаоѓање на одржлив модел за платите на работниците да се зголемат веднаш, а тоа да не претставува сериозна пречка за нормалното работење на Пошта, а очекувањата се дека постапката зголемување на сите плати на вработените ќе следи веднаш поради донесувањето на измената на Законот за минимална плата која сега е во тек и согласно која од месецов висината на минималната плата ќе изнесува 18.000 денари – велат од ССМ.

    Во оваа насока, дополнуваат, е и донесениот заклучок од страна на Синдикатите и Управниот одбор Пошта согласно кој за реализација на барањето на Синдикалните организации за линеарно покачување на нето платата на вработените од 3.000 денари започнувајќи со исплата на плата за март 2022 година, кое е прифатено од Управниот одбор на друштвото.

    „Вицепремиерот за економски прашања во рамки на трипартитниот социјален дијалог изрази подготвеност во најкраток рок да се постапи согласно член 8 од Законот за минимална плата за донесување заедничко прифатливо решение за реализација на барањето на Синдикалните организации. Во таа насока, Владата на РСМ ќе изготви финансиска конструкција за имплементирање  на линерано покачување на нето платата на вработените и во рок од 7 дена ќе се одржи повторно средба на вицепремиерот со Синдикалните организации и Управниот одбор за усогласување на динамиката за линеарно покачување на нето платата на вработените“, стои во соопштението.

    Денешните преговорите за зголемување на платата беа најавени откако претходно беше постигнат договор синдикалните органзиации од Пошта да ја стават во мирување одлуката за протест, што требаше да се одржи завчера.  Доколку не се постигне договор во најбрз рок со Владата и Управниот одбор, синдикалните оргнизации најавија дека ќе продолжат со постапката за организација на протестот како и поведување постапка за штрајк на вработените во Пошта. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img