More

    Владата во Тирана се откажува од давање албанско државјанство и целата процедура што треба да се добие ќе оди преку концесија, дадена преку јавно приватно партнерство

    spot_img

    Владата во Тирана се откажува од давање албанско државјанство и целата процедура што треба да се добие ќе оди преку концесија, дадена преку јавно приватно партнерство.

    – Ова е најновата одлука на Владата на премиерот Еди Рама, во која се прецизира дека одлуката е поврзана со програмите за доделување албанско државјанство. Предметната одлука се очекува да предизвика бурни реакции бидејќи оваа отстапка е поврзана со доделување на концесија на приватен субјект на процедурите за државјанство, што само по себе е уставно право и не може да го делегира државата – наведува Ора њуз.

    Досега доделувањето на албанско државјанство, што е уставно право, беше долг процес во кој беа вклучени повеќе институции, дури и безбедносните, а тоа се официјализираше со указ со потпис на претседателот на државата.
    – Но, се чини дека со решението предложено од министерот за внатрешни работи Бледи Чучи, се укинува целиот процес и службата поминува под концесија. Во одлуката потпишана од Рама не се наведуваат детали како може да се применува, ниту каква постапка ќе се применува, бидејќи албанското државјанство се стекнува со раѓање, потекло, раѓање на територијата на Република Албанија, натурализација и посвојување – додава телевизијата.

    Според истиот извор не се знае колкава корист може да има концесионерот од овој процес, но до „денеска албанската држава собираше по 30 евра за секое барање“.

    -Премиерот Еди Рама пред извесно време ја изнесе идејата да се добие албанско државјанство, наспроти инвестицијата што заинтересираното лице може да ја направи во Албанија. Тоа донесе тогаш реакции и од меѓународните организации, кои се чини го натераа премиерот да се повлече. Но, очигледно тоа беше привремено повлекување, се до оваа одлука на постапката за државјанство да ја даде под концесија, заклучува Ора њуз.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img