More

    Вкупно 4.600 НАТО-војници вежбаат на Криволак

    spot_img

    Со околу 4.600 војници од осум држави – Северна Македонија, САД, Обединетото Кралство, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија и Грција од денеска на армискиот полигон Криволак започнува „Брз одговор 22“, најголемата воена вежба што се реализира во земјава.

    Министерката за одбрана Славјанка Петровска на вечрашниот брифинг изрази убедување дека припадниците на македонската Армија и на МО ќе го покажат тоа што најдобро го знаат и умеат.

    – Целта на оваа вежба има два аспекта. Тоа е подготвеноста на македонската Армија за вакви комплексни вежби што ги изведуваме заедно со сојузниците, при што се покажува нејзината подготвеност, нивото на операбилност, но и начинот на кој се соработува со армиите во рамки на НАТО. Второ, што е исто така значајно за нашата држава – ги покажува капацитетите и способностите на тренинг центарот Криволак – рече Петровска.

    Таа додаде дека Криволак е сериозен тренинг центар, на кој сите членки на Алијансата ќе ги користат нејзините поволности.

    На спортскиот аеродром Стенковец, пак, на 8 мај – недела во период од 10 до 16 часот, се организира отворен ден за граѓаните, каде ќе бидат изложени сите воздухолови кои учествуваат во вежбата, а тоа се 45 најразлични воздухоплови, авиони и хелкоптери. Ќе бидат изложени воздухопловите на Армијата и МВР. На 12 мај ќе биде отворениот Ден за високи гости.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img