More

    Вкупно три системи „Патриот“ треба да стигнат во Украина, а новост е тоа што Холандија се приклучува во испораката

    spot_img

    Вкупно три системи „Патриот“ треба да стигнат во Украина, а новост е тоа што Холандија се приклучува во испораката. Украинскиот претседател Володимир Зеленски добил гаранција од холандскиот премиер Марк Руте дека земјата ќе ѝ испорача една батерија на Украина, додека подготвеност изразила и Германија.

    Една од батериите ќе биде испорачана од САД, што беше договорено кога Зеленски пред извесно време успеа да го посети својот колега Џо Бајден во Вашингтон, посета за која Зеленски мораше да ризикува и да излезе од Украина и да патува по алтернативни патишта.

    Синоќа, и Марк Руте го известил американскиот претседател Џо Бајден за своите планови.

    – Холандија ќе им се придружи на САД и Германија во испраќањето на системот за противракетна одбрана „Патриот” во Украина – истакна Руте на средбата со Бајден во Белата куќа.

    Претходно и Германија изрази подготвеност да ѝ обезбеди на Украина „Патриот“.

    – Мислам дека е важно да се приклучиме и разговарав за ова со германскиот канцелар Олаф Шолц утринава – рече Руте.

    Станува збор за ракетен систем земја-воздух кој се користи во САД од 1980-тите. Системот „Патриот“ може да соборува ракети со среден дострел, како и авиони, беспилотни летала и крстаречки ракети.

    Бајден му се заблагодари на Руте што е „многу, многу посветен” на поддршката за Украина. Руте информираше дека Холандија одлучила да потроши дополнителни 2,5 милијарди евра за поддршка на Украина, што претходно го најави владата.

    Бајден и Руте треба да разговараат за понатамошна поддршка за Украина, „како и за понатамошна соработка во областите на одбраната, безбедноста и зајакнувањето на билатералните трговски односи”,беше истакнато во соопштението на холандската Влада.

    Велика Британија и САД ветија дека ќе продолжат да ја поддржуваат Украина во нејзината борба против Русија „колку што е потребно”, пренесе ДПА.

    По средбата во Вашингтон со британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли, американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја поздрави одлуката на Велика Британија да му ги достави на Киев основните борбени тенкови на британската армија „Челинџер 2″.

    Тој посочи дека САД ќе објават дополнителни најави во наредните денови. Американскиот министер за одбрана Лојд Остин ќе биде домаќин на разговорите со клучните сојузници во базата Рамштајн во Германија подоцна оваа недела.

    – Ние постојано го обезбедуваме она што и е потребно на Украина и тоа го правиме на начин што ни овозможува да одговориме на фактичката ситуација на бојното поле. Ние сме решени да се погрижиме Украина да го има она што и е потребно за да успее на бојното поле – изјави Блинкен.

    Велика Британија вети дека ќе испрати 14 тенкови, а украинскиот претседател Володимир Зеленски побара околу 300 модерни западни борбени тенкови за неговите сили да можат да започнат офанзива против рускиот агресор.

    Во пракса тоа веројатно значи американски тенкови Абрамс и германски Леопард 2.

    Клеверли, кој е во посета на Вашингтон, ги пофали досегашните напори на САД, истакнувајќи дека тие се најголемиот обезбедувач на помош – и воена и економска – за Украина.

    Тој рече дека САД и Велика Британија работат „рака под рака” – заедно со другите сојузници – од почетокот на конфликтот за да и ја дадат на Украина потребната поддршка.

    – Никогаш досега Русија не била поизолирана, а Атлантската алијанса пообединета – рече тој.

    – Ако Путин мислеше дека светот ќе се умори од Украина и ќе ја изгуби волјата да се спротивстави на неговите амбиции, тогаш тоа беше уште една погрешна проценка од негова страна – додаде Клеверли.

    Во меѓувреме, војната продолжува на фронтот. Гранатирањето на зградата во украинскито град Дњепар ги раскара Киев и Кремљ околу тоа чиј проектил го урнал станбениот комплекс.

    Тимовите за вонредни состојби ја прекинаа потрагата по исчезнати лица под урнатините на високата станбена зграда, јави агенцијата ДПА.

    Дваесет лица сè уште се водат како исчезнати, соопшти службата за цивилна заштита.,

    – Шансите да се пронајде некој, за жал, се на нула – рече градоначалникот Борис Филатов.

    – Можно е некои од телата да се толку изобличени од пожарот и уривањето на зградата што тешко ќе се најдат, рече тој.

    Од нападот во саботата, 45 тела, меѓу кои и шест деца, досега се пронајдени во големиот град во централна Украина во областа Днепропетровск. Околу 80 лица се повредени, од кои 28 се во болница, а голем дел од нив се во критична состојба. Уништени се повеќе од 230 станови во деветкатницата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img