More

    Вкупните цени на храната во САД во јули се зголемени за 10,9 отсто

    spot_img

    Вкупните цени на храната во САД во јули се зголемени за 10,9 отсто во споредба со истиот месец минатата година.

    Тоа е најголем раст на храната од 1979 година, според податоците објавени од Министерството за труд. Неколку основни производи како житариците и одредени млечни производи бележат рекорден пораст од година во година.
    – Додека основната стапка на инфлација се намали во однос на претходниот месец, главно поради падот на цените на енергијата, зголемените трошоци за храна, растот на наемнините продолжуваат да ги притискаат потрошувачите, посебно Американците со ниски приходи – јави Блумберг.

    Конкретно, цените на супите се рекордно зголемени за 19,1 проценти, житарици за 16,8, храна за бебиња за 15 и замрзнато овошје и зеленчук бележи раст од 10,6 отсто. Исто така, цената на јајцата во американските продавници е зголемена за 38 отсто, што е највисоко ниво од октомври 2007 година, а цените на млечните производи се зголемија за 14,9 отсто, што е највисоко ниво од јуни 2004 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img