More

    Ви реков дека имињата на клубовите се провокација, вели Ковачевски

    spot_img

    Потребни се културно-информативни центри коишто ќе ги зближуваат граѓаните на двете држави и двете држави, а не клубови кои ќе предизвикуваат негативни емоции. Нашите граѓани да бидат достоинствени и да се однесуваат со европски манири, како на држава членка на НАТО и држава која има отворено преговори со ЕУ, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.

    – Јас кажав уште кога се отвораа тие клубови, дека имињата кои што беа избрани може да претставуваат провокација, со оглед на тоа што тие имиња будат негативни чувства во најголемиот дел од нашето општество, зашто тие личности се поврзани со најтемните периоди во европската историја. Исто така, тогаш повикав да се отвораат клубови, односно културно-информативни центри, кои што ќе ги зближуваат граѓаните на двете држави и двете држави, а не клубови кои ќе предизвикуваат негативни емоции кај граѓаните. Повикав и нашите граѓани да бидат достоинствени и да се однесуваме согласно со европските манири, бидејќи сме држава членка на НАТО и држава која има отворено преговори со ЕУ и идна полноправна членка на ЕУ. Затоа треба да бидеме на ниво на такво однесување – рече премиерот Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата, прашан за став за последниот инцидент со бугарскиот клуб во Охрид, за кој Софија веќе ја информирала и Европската комисија.

    Тој потсети дека имаме нов закон за здруженија на граѓани и согласно со него, ќе мора да се усогласат сите здруженија кои се регистрирани во државава, без разлика кои се и какви се. Тој самиот побарал и изработка на комплетно нов закон за здруженија на граѓани и фондации, усогласен со сите политички партии, со претставниците на еврејската заедница и со експерти. Тој закон треба  да се базира на германското законодавство. На тоа работи Министерството за правда.

    Ковачевски најави дека наскоро нашата Влада ќе поднесе барање до Владата во Софија за отворање официјални културно-информативни центри, за што во комуникација се министерствата за култура на двете земји.

    – Треба да се воспостави комуникација помеѓу двете држави, преку официјални културно-информативни центри. Ние најавивме дека ќе ги отвориме во Бугарија, за што ќе доставиме барање кое ќе биде разгледувано од бугарската влада. На ист начин тоа треба да биде и од другата страна, за да може да покажеме дека овој регион е регион на соработка – рече Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img