More

    Вицегувернерката Нацевска: Нема причина за паника од девалвација на денарот

    spot_img

    Денарот и банкарскиот сектор се стабилни. Денарот е сидрото на стабилноста на нашата економија и нема потреба од девалвација, впрочем Народната банка располага со широк инструментариум за одбрана на стабилноста на денарот, од кој најважни се високото и стабилно ниво на девизни резерви. Банкарскиот сектор е стабилен и нема знаци на повлекување на депозитите во контекст на руско-украинската криза, напротив тие растат, посочува вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во емисијата „Утрински брифинг“.

    „Причина за паника од девалвација на денарот, навистина нема. Ние располагаме со доволно ниво на девизни резерви за да го одбраниме курсот на денарот, како што тоа го правиме низ сите овие години наназад и како што и досега сме успеале успешно да ја одбраниме неговата вредност“, вели вицегувернерката Нацевска.

    На прашањето за шпекулации за повлекување на заштедите од банките, таа посочи дека нема индикации за повлекувања, напротив тие и понатаму растат. Сепак, посочува дека секогаш ќе постои мала група на депоненти, кои при било какви кризни сигнали реагираат, но набргу по согледување на состојбите – дека макроекономската стабилност е тука и дека курсот е стабилен, ги враќаат средствата во банкарскиот сектор.

    Нацевска истакнува дека директната трговска и финансиска поврзаност со Русија и Украина е многу мала и директни ефекти врз нашата економија нема и не се очекуваат.

    „За споредба, филијалата на „Сбербанка“ во Босна и Херцеговина налагаше да се преземат интензивни мерки од страна на босанските власти, и веќе се преземаат мерки од страна на регулаторот. Истото е и Словенија. Ние немаме таква ситуација, што е добро, бидејќи депонентите кои ги чуваат своите средства таму ќе беа загрижени и ќе имавме непријатна слика, како што е во тие држави“, вели Нацевска.

    Таа сепак посочува дека има ризици од индиректните ефекти, кои доаѓаат од санкциите кои се преземаат од страна на Европската унија и другите економски сили, како САД, Велика Британија, Канада, па дури и Швајцарија кон Русија, но и контрасанкциите од страна на Русија. Тие креираат неизвесност и дневна променливост на случувањата на финансиските пазари и на светските пазари на примарни производи, заради што, да се излезе со некакви проекции за ефектот врз нашата економија во овој момент, е преголем ризик.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img