More

    Витамин А: Зошто е важен за организмот и кои се несаканите ефекти доколку го имате – премногу?

    spot_img

    Витаминот А е важна хранлива материја која е растворлива во масти, односно во масла и игра важна улога во телото. Витаминот А доаѓа во две форми, како ретионид (ретинол) кој се наоѓа во животинските производи и како бета-каротен кој доаѓа од растенијата.

    Најмногу витамин А има во црниот дроб, млекото, млечните производи, путерот, жолчката од јајцето и рибата, но и во многубројното овошје и зеленчук. Недостатокот на витамин А предизвикува ноќно слепило, а недостатоците може да се забележат со промени на кожата.

    Иако има многу предности, доколку се зема во форма на суплемент, може премногу да се внесе во организмот и потоа да предизвика моментални промени, но и некои потрајни. Потребно е навреме да се забележи и да се реагира на нив.

    Зошто е добар витаминот А?
    Витаминот А е важен за многу функции во телото, па затоа е важен за видот, особено ноќниот вид. Луѓето на кои им недостига витамин А ќе гледаат помалку ноќе бидејќи нивните очи не можат да се навикнат на темнината.

    Покрај тоа, овој витамин е неопходен за нормална функција на имунолошкиот систем и органи. Исто така е вклучен во производството и функционирањето на белите крвни зрнца кои ги отстрануваат бактериите од крвотокот. Од друга страна, луѓето кои имаат недостаток на витамин А ќе бидат поподложни на инфекции и побавно ќе закрепнуваат штом ќе се разболат. Овој витамин игра важна улога во здравјето на коските.

    Витаминот А, кога се зема во препорачаните количини, му помага на плодот да се развие правилно дури и за време на бременоста. Покрај тоа, витаминот А може да се користи и како состојка во кремите во форма на ретинол, кој е добар за кожата и акните. Сепак, ретинолот може да предизвика чувствителност на кожата на светлина, па затоа најдобро се користи навечер.

    Значи, витаминот А е добар за:

    – вид, особено за ноќно гледање

    – нормално функционирање на имунолошкиот систем

    – здравје на коските

    – развој на фетусот

    – третман на акни

    Недостаток на витамин А
    Како што споменавме, недостатокот на овој витамин може да предизвика различни проблеми.

    Дополнително, долгорочно може да влијае на варењето, појавата на автоимуна целијачна болест, Кронова болест или цистична фиброза.

    Сепак, недостатокот на витамин А е редок во западните земји, со оглед на големиот избор на овошје, зеленчук, месо и риба и разновидна исхрана.

    Дали земањето витамин А има некакви несакани ефекти?
    Земањето витамин А во прекумерни количини може да има различни несакани ефекти за телото, кои најпрво ќе се забележат на кожата или при варењето. Препорачаните дневни дози за мажи се 900 mcg (микрограми), за жени 700 mcg и за деца и адолесценти помеѓу 300 и 600 mcg.

    Витаминот А се акумулира во телото и може да биде опасен ако се надминат дневните дози.

    Симптоми кои може да се појават се вртоглавица, главоболка, болки во коските, гадење и повраќање, сува кожа, промена на бојата на кожата, лупење на кожата на дланките или стапалата, сува уста или нос, чувствителност на светлина.

    Овие симптоми ќе престанат штом престанете да земате додатоци на витамин А или почнете да јадете помалку храна што содржи витамин А.

    Ако витаминот А се зема со други лекови како што се лекови за рак, апчиња за контрацепција или разредувачи на крв, може да се појави и несакана реакција. Луѓето кои консумираат многу алкохол или имаат заболување на црниот дроб или бубрезите, не треба да земаат витамин А во форма на додаток без претходно да се консултираат со лекар.

    Храна богата со витамин А
    Витаминот А се наоѓа во различни намирници како месо, риба, млеко и млечни производи или јајца.

    Го има и во црниот дроб, густата паштета од црн дроб, козјото сирење, путерот, во зеленчукот како што се: сладок компир, кељ, морков, свежа слатка црвена пиперка, спанаќ, брокула, домат, во овошје: грозје, манго, лубеница, папаја, нектарини, мандарини, а се наоѓа и во житарките.

    За подобро да се апсорбира од телото, најдобро е со него да внесувате дополнителни масти, како на пример масло во салата. Луѓето кои јадат овошје и зеленчук во нормални количини и јадат разновидна исхрана нема да имаат проблеми со недостаток на овој витамин.

    Заклучок
    Витаминот А е многу важен за многу телесни функции и доаѓа во две форми. Го има во повеќето овошја и зеленчук, како и во месото и рибата, а важно е да се зема со малку масти за подобра апсорпција. Може да настанат проблеми со недостаток на витамин А, но и со прекумерно внесување на витамин А. Важно е навреме да препознаете дека нешто се случува и да побарате помош од лекар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img