More

    Вистинска комедија се случуваше денеска на седницата на Советот на Градот Скопје, со разменување навреди, погрдни зборови, исклучување микрофони и одземање збор

    spot_img

    Вистинска комедија се случуваше денеска на седницата на Советот на Градот Скопје, со разменување навреди, погрдни зборови, исклучување микрофони и одземање збор. Градоначалничката Данела Арсовска го бранеше планот за вработување за идната година на ЈП „Водовод и канализација и бараше да се одобрат вработувања на 120 лица, што советниците од ВМРО-ДПМНЕ го одбија. Советникот Малиша Станковиќ од ВМРОДПМНЕ побара советниците да не даваат поддршка за планот, по што Арсовска повторно го употреби изразот „рачиња во медот“, а Славески го нарече „Талат Славески“.

    – Имајќи во предвид дека новиот директор, откако стапи на функција ги раскина договорите со повеќе од 100 лица во ова ЈП, сметам дека ваквата одлука, како советници не треба да ја поддржиме, за да не му ставаме товар се стави во искушение да вработи некого во ЈП во 2023 година – рече советникот Малиша Станковиќ.

    На ова возврати градоначалничката Арсовска.

    – Многу чудно е како никој од вас не праша како успеал овој вашиот директор на јавново претпријатие да вработи над 100 луѓе за два месеци, ама сега на овој новиов, прејудицирате дека нешто ќе направи во иднина, па затао не поддржувате работа на јавно претпријатие. Немојте после да барате резултати, ако не му овозможувате да работи. Ќе барате одговорност кога ќе вработи сто луѓе, како што направи овој претходно, кој го фативме со рачињата во медот. Зошто не прашате каде ги најде тие 120 луѓе да ги вработи за два месеца? Како ги спопикал внатре, а не им обезбедил ни решенија ни ништо? Бидејќи за тоа треба да се објават огласи и да да биде транспаретно. А тој си ги собрал од месни комитети за да земаат пари и пари, небројани пари таму, и никого не известил за тоа, никого – рече Арсовска.

    На ова следуваше реакција од Славески кој рече дека разрешениот директор на Водовод, Перински, не е медар, на што сите се смееја.

    – Во име на советниците и во свое име, со оглед дека неколку пати се повторува синтагмата ‘рачиња во медот’, а се уште трае сезоната на собирање мед, лично проверив, поранешниот директор на Водовод и Канализација не е пчелар. И јас замолувам, советот доколку има некои докази за сторен престап, да се изнесе – рече Трајко Славески, сите се смееја.

    Славески реагираше и затоа што Арсовска го нарекуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски „шпицен кандидат“, а на моменти и го исклучуваше микрофонот. Советникот од оваа партија Стефан Андоновски и порача на Арсовска „да закачи дома слика и да му пали свеќа како пред икона“, зашто без него таа „немаше да собере потписи, а не пак да победи на изборите за градоначалник на Скопје“.

    – Да не беа Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ Алијанса, Левица, како поддршка немаше на мапа да ве најде никој, зашто не ве познаваа. На анкетите бевте меѓу последните кои луѓето ги препознаваат, а рејтинг имавте од 10 проценти бидејќи 90 отсто не знаеја за кого станува збор. Пред да ставате такви изрази во уста, размислете кој ве направил, кој ви ја поддржал кандидатурата, без која немаше да бидете ни директор на Стопански комори – рече Андоновски.

    Ниту на ова Арсовска не остана должна.

    – Голема благодарност до членовите на ВМРО-ДПМНЕ, а што се однесува до шпицниот градоначалник Мицкоски, ако мислел дека таа поддршка ќе му биде возвратена со дозвола да краде, лаже и манипулира, извинете, но тоа нема да се случи, ниту треба да биде услов за некој да му биде вечно благодарен – рече Арсовска, по што Славески го исклучи нејзиниот микрофон и даде пауза.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img