More

    Виза и Мастеркард блокираа картички на руски банки

    spot_img

    Нова Љубљанска банка (НЛБ) дала понуда за преземање на пропаднатата филијала на Сбербанк во Словенија, објавија словенечките медиуми, а официјалната потврда на банката и регулаторот се уште се чека.

    Сите филијали на Сбербанк би можеле повторно да започнат со работа нормално од утре без ограничувања за околу 45 илјади клиенти на таа банка и нема да биде потребно да се активира гарантната шема која гарантира депозити на инвеститорите до сто илјади евра во случај банката да биде ликвидирана, објави бизнис весникот „Финансии“ и словенечкиот јавен радио сервис.

    Цената за преземање на словенечката филијала на Сбербанк која ја дава НЛБ не е позната, јавуваат словенечките медиуми.

    Клиентите на Сбербанк Словенија немаат пристап до нејзините услуги од вчера, а плаќањата и повлекувањата се максимизирани до утре во износ од 400 евра дневно.

    Меѓународните платежни системи Виза и Мастеркард ги блокираа картичките издадени од руски банки и нивните подружници, кои се на списокот со санкции.

    „Виза веќе почна да ги спроведува релевантните санкции и ги блокираше картичките на овие банки…“ објави на Фејсбук во вторникот поотпретседателката на Виза за ЗНД и Југоисточna Европа Вира Платонова.

    „Како резултат на наредбите за санкции, блокиравме повеќе финансиски институции од мрежата за плаќање на Мастеркард“ објави денеска извршниот директор на Мастеркард Мајкл Мибах.

    Двете платежни компании додаваат дека се подготвени да продолжат да постапуваат согласно дополнителните санкции што може да бидат воведени. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img