More

    ВИДЕО Apple денеска ги претставува новите модели на iPhone

    spot_img

    Во среда Apple ја одржува официјалната презентација на новите телефони од серијата iPhone 14, а се очекува да ја претстави и втората генерација безжични слушалки AirPods како и новиот Apple Watch. Презентацијата ќе се емитува во живо од 13 часот по локално време, или 19 часот по американско време, од седиштето на компанијата во Купертино, Калифорнија.

    Според првите извештаи кои протекоа во медиумите, корисниците можат да очекуваат четири нови модели на iPhone како и нова верзија на часовникот на Apple, пренесува Business Insider.

    Преносот во ЖИВО може да го следите на овој линк од 19 часот по наше време, на официјалната веб-страница или на YouTube:

    Во март оваа година, Apple ги претстави iPhone SE, новиот iPad Air и Mac Studio.

    Што знаеме досега за новиот iPhone?
    Новата линија на iPhone, наводно, ќе доаѓа во четири модели и две големини. Едниот е 6,1-инчен за стандардните и про-моделите, а поголемата верзија ќе биде само за про-моделите. Наводно во понудата нема да има помали модели од 5,4 инчи.

    Новиот уред наводно ќе има нов A16 процесор и подобрена камера.

    За цените се уште не можеме да зборуваме, но се очекува тие да бидат повисоки од досегашните, бидејќи глобалниот пораст на цените влијаеше на растот на цените на пример на Sony PlayStation 5 како и VR комплетот на Meta.

    Се претпоставува дека цената на основниот модел ќе биде околу 699 долари, односно околу 6.000 куни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img