На Националниот ден на детето, беше организиран прелет со хеликоптер на Тајландската морнарица за да се делат цвеќиња и слатки, но хеликоптерот предизвика уривање на покривот.
Пет деца и тројца возрасни се повредени во саботата во Тајланд кога хеликоптер кој прелетал над детска забава предизвикал уривање на покривот на стадионот.
Хеликоптер на тајландската морнарица полета ниско за да им подели цвеќе и слатки на децата кои го прославуваат Националниот ден на детето, но хеликоптерот предизвика рушење на челичниот и платнениот покрив.
Бангкок пост објави дека локалната општинска канцеларија побарала од поморската команда да го организира прелетот. Градоначалникот на Та Чанг, Тавачаи Чантакит, на попладневната прес-конференција изјави дека општината целосно ќе ги обесштети повредените, пишува Дејли мејл.Портпаролот на морнарицата упати извинување во име на главниот командант на морнарицата, адмирал Чоенгчаи Чомчоенпает.