More

    ВИДЕО- Спасувачите ја евакуираа жртвата од гранатирање во Киев

    spot_img

    Украинската армија на Твитер објави видео од евакуација на жртва од гранатирање во Киев.„Уште едно воено злосторство против цивилното население во Украина. Спасувачите ги евакуираат жителите од катната зграда на авенијата Лобоновски бр. 6А, каде на 26 февруари граната погоди станбена зграда на 17 и 18 кат“, напишаа тие.

    Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба претходно објави дека Русите удриле во станбена зграда.

    „Киев, нашиот голем, мирен град, преживеа уште една ноќ под нападите на руските копнени сили и проектили. Еден од нив удри и во станбена зграда во Киев“, напиша Кулеба и додаде:

    „Барам од светот целосно да се изолира Русија, да се протераат амбасадорите, да се стави ембарго на нафтата, да се уништи нивната економија. Стоп за руските воени злосторници!“

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img