More

    ВИДЕО Русите гранатираа уште една нуклеарка!

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот објави дека руските сили гранатирале уште една украинска нуклеарна централа.

    Предметната нуклеарна централа Пивденнокраинск се наоѓа во регионот на Миколаев.

    „Во текот на ноќта, ракета падна на 300 метри од нуклеарната централа Пивденнокраинск. Имаше краткотраен прекин на струја“, рече украинскиот претседател.

    Тој додаде дека се оштетени прозорците на зградите на фабриката и објави фотографии на кои се гледа штетата.

    „Повторно сакаа да пукаат, но заборавија што е нуклеарна централа. Русија му се заканува на целиот свет. Мораме да ги спречиме пред да биде доцна“, објави Зеленски на официјалниот канал на Телеграм.

    Украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко изјави дека „во очај, Русија го става целиот свет на работ на нуклеарна катастрофа“.

    Министерот потврди и дека ракетата паднала на само 300 метри од нуклеарен реактор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img