More

    Ветрот корне дрвја во Италија, има повредени и направени се големи штети

    spot_img

    Неколку лица се повредени во силно невреме што го зафати северозападниот дел на Италија и предизвика материјална штета.

    Во близина на Милано неколку постари граѓани денеска се повредени кога врз нив паднало дрво, а еден маж е тешко повреден, јави агенцијата АНСА.

    Исто така, надвор од Милано еден човек бил повреден кога ветрот соборил две дрва. Во регионите на Ломбардија и Пиемонт, соборените дрвја предизвикаа штета на неколку автомобили, а парковите и плоштадите се делумно затворени.

    Ветрот откорнал и дел од покривот на главната железничка станица во Милано. Ветер го откорнал и покривот на училиште во провинцијата Варезе.

    Пожарникарите соопштија дека до понеделник рано попладне имале околу 400 интервенции низ целата земја, главно во Ломбардија, а Агенцијата за одбрана за цивилна заштита соопшти дека невремето може да продолжи до утре.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img