More

    Васко Ѓурчиновски или Просо сонила гладна кокошка генерале!!!

    spot_img

    Началникот на Генералштабот на АРМ, Васко Ѓурчиновски, предлага задолжително тримесечното служење војска! Се би било во ред доколку Генерал Васко Ѓурчиновски не се водел од онаа народната -„просо сонила гладна кокошка“, но еве и зошто:

    1.Целокупната гарнизонска инфраструктура која АРМ ја наследи од ЈНА е уништена и, од тој аспект нејасно е на која локација би се сместувале „регрутите“?!

    2.Реорганизацијата на АРМ кога целокупното гранично работење премина во МВР, како и укинувањето на задолжителниот воен рок и професионализацијата на АРМ, беа само мал дел од онаа западна игранка, дека на Македонија не и е потребна голема армиска бројка, мала држава сме биле и останати глупости, па сега со кризата во Украина да размислуваме за воведување на задолжителен воен рок, како што предлага Васко Ѓурчиновски од смешни три месеци…!!!

    3.Предлогот за задолжителен воен рок од три месеци на Васко Ѓурчиновски не да е смешен, туку претставува трагикомичен од воен аспект за обука на еден војник. Со фамозните три месеци, државата освен што ќе претрпи финансиска штета, де факто нема да обучи ниту еден млад човек да биди добар познавач на воени вештини и доктрини. Изјавата на Васко Ѓурчиновски, дека истите тие регрути би биле вклучени  во случај на пожар, поплави, земјотреси, секако дека е трагикомична, доколку во случај на пожар, поплави, земјотреси има за цел да воведува краток курс за Заштита и спасување, нешто за што имаме државна институција која е под раководство на Стојанче Ангелов, а и уште една невладина иснтитуција која добива годишно 5 милиони евра од Влада на РСМ и уште десетици милиони евра од други донатори  и се нарекува Црвен Крст, а попатно постана најпрофитна организација Акционерско Друштво..

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img