More

    Валиева заврши четврта, златото кај Шчербакова

    spot_img

    – Русинката Ана Шчербакова го освои денеска златниот медал во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, додека нејзината сонародничка Камила Валиева заврши четвртопласирана.

    Шчербакова, кој по кратката програма во вторникот беше второпласирана, благодарение на денешната слободна програма собра 255.95 бодови, пред нејзината сонародничка Александра Трусова (251.73) и Јапонката Каори Сакамото (233.13).

    Валиева пред денешната слободна програма беше првопласирана, но поради неколку грешки на крајот освои 224.09 бодови што беше доволно само за четвртото место.

    Петнаесетгодишната Валиева на 7 февруари го освои златниот медал во екипна конкуренција, но ден подоцна беше откриено дека на руското државно првенство била позитивна на лекот триметазидин, поради што церемонијата на доделување медали беше одложена.

    Со одлука во понеделникот на Спортскиот арбитражен суд на Валиева и беше дозволено да настапи во поединечна конкуренција, а Меѓународниот олимписки комитет објави дека нема да има доделување медали во оваа дисциплина доколку Валиева заврши меѓу првите три натпреварувачки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img