More

    Ваква порака испрати полкот Азов од челичарницата „Азовстал“

    spot_img

    Припадниците на полкот Азов, кои се наоѓаат во челичарницата „Азовстал“ во украинскиот град Мариупол, денеска одржаа онлајн прес-конференција.

    На јавноста преку Јутјуб ѝ се обратија заменик-командантот на Азов, Свјатослав Паламар и поручникот Илија Самоленко.

    Паламар изјави дека руските сили продолжиле да ја напаѓаат фабриката за челик и се обидуваат да ја освојат. Тој додаде дека не може да потврди дали сите цивили се евакуирани од „Азовстал“.

    – Предавањето не е опција бидејќи Русија не е заинтересирана за нашите животи. Веројатноста да преживееме ако се предадеме е нула. Предавањето е неприфатливо за нас. Не можеме да му дадеме таков подарок на непријателот. Да се биде заробен, за мене значи мртов – истакна поручникот Илија Самоленко.

    – Ние се бориме против агресорите, непријателот кој носи терор во Украина, против нивното варварство – додаде Самоленко.

    Заменик командантот на Азов, Свјатослав Паламар нагласи дека украинските војници во „Азовстал“ ќе се борат додека се живи.

    – Ќе продолжиме да се бориме додека сме живи за да се спротивставиме на руските окупатори – истакна Паламар, повикувајќи на итна евакуација на ранетите соборци: „Немаме многу време, Русите интензивно гранатираат“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img