More

    Вака Лавров му го објасни на Гутереш ширењето на Алијансата

    spot_img

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека му рекол на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш оти ситуацијата во врска со Украина во голема мера е резултат на неконтролираното ширење на НАТО.

    – Како што гледаме, и тоа денеска му го објаснив на нашиот колега и пријател Антонио Гутереш, оваа ситуација е резултат на политиката на неконтролирано ширење на НАТО и инсистирање на монополарен свет, што го спроведуваат нашите американски колеги и нивните сојузници – рече Лавров на прес-конференцијата по средбата со генералниот секретар на ОН.

    Тој додаде дека во фокусот на разговорите со генералниот секретар на ОН била ситуацијата во Европа, вклучително и настаните поврзани со Украина и самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск и оти до оваа состојба „не се дошло вчера“.

    Рускиот министер за надворешни работи рече дека Русија е посветена на дипломатско решение на конфликтот во Украина, но го отфрли предлогот на Киев за одржување мировни преговори во украинскиот пристаништен град Мариупол, додавајќи дека е премногу рано да се зборува за тоа кој ќе посредува во какви било преговори.

    Лавров изрази благодарност до генералниот секретар на ОН и неговиот тим за разбирањето на потребата „да се гледа ситуацијата во и околу Украина во контекст на глобалните процеси, а не изолирано од нив, и за препознавањето на трендовите во тие процеси кои земаат замав и не се секогаш во согласност со идеалите на ОН и со принципите содржани во Повелбата на ОН“, пренесоа руските медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img