More

    Бугарскиот министер ќе положи цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски

    spot_img

    Изјавите на бугарскиот пратеник и лидер на партијата Преродба, Костадин Костадинов, не ја одразуваат официјалната позиција на Бугарија, порача денеска од Скопје шефот на бугарската дипломатија Николај Милков, кој учествува на македонско-бугарскиот бизнис форум.

    – Јас сум сосема категоричен дека Костадин Костадинов не ја изразува официјалната позиција на Република Бугарија и на нејзината Влада и мојот апел кон медиумите во Македонија е да не го концентрираат вниманието врз политичари коишто бараат такви крајни искази. Поважен е официјалниот став на Бугарија и многу ќе се радуваме ако вие го посочувате на граѓаните на Македонија тоа што го мисли мнозинството од бугарското општество и политичарите, а не некои луѓе што користат такви термини за да ги истакнат своите политички внатрешни цели – рече Милков на заедничката прес-конференција со Бујар Османи.

    Костадин Костадинов, на отворањето на на Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје на 25 ноември, рече дека „Македонија е втора бугарска држава, односно треба да бидеме една држава, која ќе се протега од Црното Море до Охридското Езеро”.

    Министерот Милков, на новинарско прашање дали смета дека треба да функционираат или да се затворат бугарските културни клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов” и „Цар Борис Трети”, рече оти се надева дека тие клубови ќе можат да функционираат нормално.

    – Нивниот број се зголемува, и тоа е според мене е добар знак затоа што гледаат можност во овој тип на организација да ги истакнуваат своите интереси поврзани со нивната етничка идентификација и тоа што очекуваме од Северна Македонија е да биде обебедна нормална средина за функционирање на тие клубови и тие да функционираат во духот на разбирањето, да бидат мостови меѓу нашуте две земји, да не бидат повод за дополнителни поделби и за говор на омраза, така што очекуваме да има реакција и од страна на Владата, така што треба да се постигне едно европско решение и европско фунцнирање на овој вид здруженија – оцени Милков.

    Во претсрет на утрешниот празник Свети Климент Охридски, Милков порача дека за првпат заедно ќе ја празнуваме дејноста на светителот.

    – Ќе положиме цвеќе пред неговиот споменик во знак на почит, како еден од најпознатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј, кои ние ги почитуваме – рече Милков.

    Тој посочи дека заслугата за ова заедничко чествување е на македонско-бугарско историската Комисија.

    – Заслугата за заедничкото чествување на Свети Климент Охридски е на македонско-бугарско историската Комисија, која дава општа интерпретација на делата на светите Кирил и Методиј и на Св. Климент Охридски. Ова е секако многу позитивен знак, кога имаме заедничка концепција и општо разбирање за различни историски периоди и за различни историски личности, што верувам ќе ги реши проблемите во нашите современи односи – рече Милков.

    Тој уште еднаш ја потврди поддршката за работата на македонско-бугарско историската Комисија и напомена дека нејзиното успешно функционирање придонесува во работата на нашите добрососедски односи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img