More

    Бугарската политичка криза влегува во драматична завршница

    spot_img

    Владата на бугарскиот премиер Кирил Петков во моментов располага со поддршката на 109 пратеници, а за да го преживее евентуалното гласање на недоверба најавено за идната недела, ќе ѝ бидат потребни гласовите на 121 пратеник.

    Опозицијата вчера го разреши претседателот на парламентот Никола Минчев, откако со гласовите на партијата на Слави Трифонов – Има таков народ (ИТН), а со помош на опозициските ГЕРБ, ДПС и Преродба, беше изгласана недовербата на спикерот на 240-членото Народно собрание на Бугарија.

    Во меѓувреме ИТН го загуби и шестиот пратеник, откако Кирил Симеонов во емотивниот говор рече дека му е срам што вчера гласал заедно со ГЕРБ и ДПС.

    – Влегов во политиката на апсолутно меритократски принцип – без партиски родители, без некој да ме поддржува, без да стојат бизнисмени зад мене. Кога го видов, Слави Трифонов ме праша: „Зошто си тука, за што се бориш?“ Јас му реков: „Тука сум да се борам против овој систем и сатус кво“. Но, вчера гласавме заедно со овој систем и се срамам од тоа. Јас сум должен да излезам и да се изјаснам – не сум ГЕРБ, не сум ДПС. Вечерва, кога ќе се вратам дома кај моите деца, ќе можам да ги погледнам во очи – рече Сименонов, а неговите зборови предизвикаа громогласен аплауз кај пратениците од власта.

    Денеска, пратеничката на ИТН, Ива Митева, рече дека се шпекулира оти и други нејзини сопартијци ќе го направат истото.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img