More

    Бугарската влада во расчекор, ниту тој не може да гарантира за нашите барања!

    spot_img

    Непроверена и веројатно невистинита е веста на БГНЕС дека бугарскиот премиер и претседател веќе договориле да одат во Париз за од Емануел Макрон да добијат гаранции за позициите на Софија, иако за тоа е разговарано, пишува бугарскиот портал 24 часа. Според порталот, ваквата можност ја отфрлиле шефицата на бугарското МНР, Теодора Генчовска и шефицата на кабинетот на Петков, Лена Бориславова објаснувајќи дека преговорите во бугарската влада за ова се во тек.

    Се вели и дека сомнително е тоа што само БГНЕС ја објави веста.

    Да се потсетиме, БГНЕС се повика на изјава на еден од учесниците на последниот совет на владината коалиција кој тврди дека Макрон ќе гарантира дека бугарските барања ќе влезат во преговарачката рамка за европскиот пат на Македонија, а наводно во замена за кревање на ветото во јуни.

    Но, порталот 24часа е на друго мнение. Тој открива дека во самата владина коалиција има голем отпор дури и кон ваквата идеја. Според извори од бугарската влада, пишува порталот, Петков постојано одложува да се сретне со Радев, иако цело време добива покани. А причината е што досега четирите партии во коалицијата се поделени на темата. Засега, Бугарската социјалистичка партија БСП и „Има таков народ“ на Слави Трифонов се против идејата да се крене ветото со гаранции од Брисел.

    Има и други противници на оваа идеја. Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев вчера во интервју за БГНЕС излезе со изјава дека никаква усна или писмена гаранција нема да биде доволна.

    – Бугарија не може да прифати како гаранција ниту една усна или писмена изјава во име на претседателот на Франција, Емануел Макрон, или во име на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен или кој било друг, не е гаранција – рече тој.

    Наместо гаранција, Ковачев бара официјално вклучување на бугарските барања во преговарачката рамка, која треба да биде усвоена од сите земји-членки.

    – Можеме да бидеме гарантирани само доколку нашите точки од Рамковниот став и Декларацијата на бугарскиот парламент, како и елементите на Договорот за пријателство и добрососедство бидат вклучени во преговарачката рамка што треба да ја усвојат сите земји-членки – додава Ковачев.

    Доколку има вакво гласање, шансите се дека некои европски земји можат да бидат против, слично како што Словачка и Чешка во 2020 година беа против ваквите бугарски ставови да влезат во заклучоците на Европскиот Совет за проширувањето на Западен Балкан. Слично како и сега, пред две години, германското претседателство во последен обид да постигне некаков успех проба да вметне дел од барања во нацрт-текстот.

    „Ние нема да дозволиме Унијата да биде судија на нашата заедничка историја, како се идентификуваме себеси или јазикот што го користиме“, излегоа тогаш со изјава двете земји кои инаку имаат традиција на силно чествување на Кирил и Методиј.

    Додека се кршат копјата во владата на Петков, она што е сигурно дека на коалицискиот совет сепак проструила можноста тој заедно со Радев да одат кај Макрон. Според историчарот и член на Бугарската академија на науките, Спас Ташев, БГНЕС, е агенција на која може да ѝ се верува.

    – Очигледно, вакво нешто е разговарано, но тешко дека има нешто поконкретно – вели тој за Локално.

    Според Ташев, идејата за гаранциите од Брисел веќе неколку месеци е во воздухот, иако „во оваа фаза такво нешто не е поддржано во Бугарија“. Затоа, тој смета дека тоа е тешко да се реализира до самитот на ЕУ во јуни, а предлага нешто друго: наместо само бугарска делегација, Макрон да го посетат претставници или лидери од двете земји и заедно да ја договорат оваа идеја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img