More

    БСП објави дека утре ќе го врати нејзиниот мандат за формирање влада што значи дека распуштањето на парламентот е неминовно и Бугарија ќе оди на уште едни избори

    spot_img

    Бугарската социјалистичка партија (БСП) објави дека утре ќе го врати нејзиниот мандат за формирање влада што значи дека распуштањето на парламентот е неминовно и Бугарија ќе оди на уште едни избори, кои ќе бидат четврти по ред за 15 месеци.

    Се очекува претседателот Румен Радев да го распушти парламентот идната недела, а изборите да се одржат на 2 октомври.

    Ваквиот развој на настаните дојде откако во средата пропадна последниот обид на лидерката на БСП, Корнелија Нинова, да најде парламентарно мнозинство. Таа доби поддршка од 119 пратеници, 106 беа против, а еден пратеник се воздржа од гласање. Социјалистите вчера најавија дека доколку се реализира нивната идеја, односно предлогот добие 121 глас „за“, тие веднаш ќе ја отпочнат постапката за избор на нова влада, со Асен Василев како кандидат за премиер.

    – Со оглед дека нашето сценарио не успеа, ние утре ќе го вратиме мандатот – изјави координаторот на пратеничката група на БСП, Георги Свиленски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img