More

    Бројот на починати во Тексас се искачи на 50 лица

    spot_img

    Сиромаштија и очај доведоа до смртта на најмалку 50 мигранти кои беа пронајдени оставени во камион близу Сан Антонио, Тексас, изјави мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор. Во групата имало 22-ца Мексиканци, седуммина Гватемалци и две лица од Хондурас, додека националноста на останатите се утврдува.

    Меѓу 12-те преживеани се и четири деца. Властите велат дека сите биле жешки на допир и страдале од топлотен удар и исцрпеност. Во камионот немало вода за пиење и клима-уред.

    – Ова се случува поради шверц и недостиг на контрола на границата, но и во внатрешноста на САД – кажа Обрадор.

    Сан Антонио, оддалечен 250 километри од мексиканската граница, е главна транзитна маршрута за шверц на луѓе. Шверцерите често користат камиони за транспорт на мигранти, кои ги собираат на зафрлени места откако тие ќе ја преминат границата.

    Ова е најголемата трагедија поврзана со шверц на мигранти во САД досега. На самото место се пронајдени 46 тела, а уште четири лица починале во болница.

    – Тие едноставно го паркирале камионот покрај патот. Веројатно имале механички проблем и го оставиле. Мислиме дека дошле од Ларедо – изјави окружниот судија Нелсон Волф, алудирајќи на мексикански град кој се наоѓа 240 километри од границата со САД.

    Белата куќа ја прогласи за „апсолутно ужасна“ смртта на најмалку 50 мигранти во камионска приколка во Тексас, додавајќи дека таквата трагедија „го крши срцето“, пренесува Би-Би-Си.

    – Нашите молитви се со оние кои трагично ги загубија животите, нивните најблиски, како и оние кои се уште се борат за своите животи. Исто така сме благодарни за брзата работа на федералните, сојузните и локалните служби – рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

    Таа ги нападна критичарите на претседателот Џо Бајден кои се обидоа да ја обвинат неговата влада за трагедијата, обвинувајќи ја за блага имиграциска политика.

    – Факт е дека границата е затворена – рече Жан-Пјер.

    Републиканците за возврат го обвинуваат Бајден за смртните случаи во Тексас.

    – Овие смртни случаи се на неговата душа – рече гувернерот Тексас, Грег Абот, мислејќи на „смртоносната политика на отворени граници“. Оваа трагедија се случи за време на особено високи температури во Сан Антонио и низ Тексас.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img