More

    Бритни Спирс упати нови закани кон семејството, тврди дека ја дрогирале

    spot_img

    Пејачката Бритни Спирс (40) минатата година по 13 години старателство конечно се ослободи од контролата и старателството на својот татко и оттогаш слободно го кажува своето мислење и ги прераскажува искуствата што ги проживеала.

    Пејачката своите чувства ги споделува со 40 милиони обожаватели на социјалните мрежи, а во објавата што неодамна ја избриша ги нападна сите оние кои предизвикале да страда.

    „На овој свет очигледно е во ред да ја заклучите ќерката и да ја натерате да работи седум дена во неделата, 10 часа на ден без ниту еден слободен ден. Немав право на приватност, ме гледаа кога се пресоблекував, ме дрогираа, не смеев да зборувам. Морав постојано да им бидам на располагање на лекарите, а ако не стигнам на време, морав да останам подолго“, започнала Бритни во својата изјава.
    „Никогаш не ми кажаа кога можам да заминам. Морав да си легнам секоја вечер во 21 часот. Сето тоа ми се случуваше цели четири месеци за време на мојот 13-годишен притвор. Дадов се од себе и работев, за на крајот да бидам одбиена. Не им значев ништо на семејството, им бев марионета која мораше постојано да работи и да глуми на сцената за да биде се во ред. Најлошо од се е фактот што беше прифатен од јавноста, од публиката која најмногу ја сакав“, напишала Бритни.

    Пејачката смета дека не е во ред што се извлекле луѓето кои и наштетиле, а на своите следбеници им порача дека не се сами ако се плашат за својот живот:

    „Мислам дека е време да одам на одмор по 13 години бидејќи никој никогаш не треба да биде третиран како мене. Бев деморализирана и засрамена. Никој не треба да го доживее тоа што јас го доживеав. Причината поради која го велам ова е дека прекинувањето на притворот е голема работа, но … Дали е тоа крајот? Сите избегаа! Шокирана сум, ако четири месеци постојано ви се закануваат и вие би се нервирале. Не сум готова, сакам правда и нема да престанам додека не им се направи нешто на оние кои ми нанесоа штета бидејќи сум многу повредена. Ова е порака до сите кои се плашат за своите животи. Не сте сами“, напишала таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img