More

    Бритни Спирс сподели со своите следбеници на Инстаграм дека го сменила името во Ривер Ред

    spot_img

    Пејачката Бритни Спирс сподели со своите следбеници на Инстаграм дека го сменила името во Ривер Ред.

    Бритни (41) објави видео на кое изгледа неверојатно во минијатурен горен дел (топ) на кој пишува Кока-Кола и соодветно мини здолниште додека танцува на песните на Џастин Бибер.

    Малку подоцна пејачката објави фотографија од планетата Марс, па напиша дека го сменила името.

    „Низ тоа гледам сѐ… течно е и влажно… разигран е и има маса. Го сменив моето име во Ривер Ред! А сепак, огнот е таму каде што свети… да се загледам во него и да скокнам без никаков страв“, напиша таа во објавата.

    Таа сега и на Инстаграм се вика Ривер Ред, а пребарувањето на Бритни Спирс покажува стар профил со новиот „прекар“.

    Инаку, Бритни Спирс неодамна доживеала нервен слом во ресторан во Лос Анџелес. На социјалните мрежи брзо се прошириле фотографии од инцидентот.

    Бритни доживеа вознемирувачка психичка епизода откако таа и нејзиниот 28-годишен сопруг Сем Ашгари пристигнаа на вечера со нивниот телохранител.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img