More

    Британски разузнавачи тврдат дека тие се на 25 километри од центарот на градот

    spot_img

    Сирени за воздушни напади утрово ги разбуди повеќето градови во Украина, јави Би-Би-Си.

    Малку по 6 часот по локално време сирени се огласија во повеќе од 15 региони и многу градови во Украина.

    Предупредувањето се слушна и во главниот град Киев, заедно со клучните градови како Одеса, Суми, Харков и Дњепар, пренесе Бгнес.

    Државната служба за вонредни ситуации на Украина соопшти дека утрово во Киев се пријавени два пожари кои избувнале како резултат на гранатирање.

    Погоден е магацин за складирање замрзната храна во регионот на Киев по што се запалил. Службата соопшти дека пожарот е локализиран и гаснењето сè уште трае.

    Оперативниот координативен центар на Главната дирекција на Државната служба за вонредни состојби на Украина во Киев потоа добил дојава и за пожар кој избувнал на улица во областа Подолск во главниот град. Погодена била административна зграда чиј покрив се запалил. Пожарот е изгаснат.

    „Голем дел“ од руските сили сега се на 25 километри од центарот на градот на Киев, соопшти британското Министерство за одбрана во последниот разузнавачки извештај.

    Во проценката се додава дека големата руска колона северно од главниот град се распрснала – „веројатно во обид да го опколи градот“.

    „Тоа, исто така, може да биде обид на Русија да ја намали својата ранливост на украинските контра напади, кои нанесоа значителна штета на руските сили“, соопшти британското Министерство за одбрана.

    Во извештајот уште се додава дека градовите Чернигов, Харков, Мариупол и Суми се опколени и се соочуваат со силно гранатирање.

    Во меѓувреме, украинското Министерство за одбрана утринава објави видео на кое, како што информира, се гледа како се „непријателските сили на пат кон Киев се уништени со воздушен напад“.

    „Непријателскиот контролен пункт во правец на Киев е уништен. Нашите воздушни сили работат“, напиша Министерството во описот на снимката.

    Автентичноста на снимката засега не може да се потврди од независни извори.

    Украинскиот северен град Чернигов утрово повторно беше цел на руски напади, а ситуацијата во опколениот град секој ден се влошува, јави Би-Би-Си Украина.

    Со оглед на тоа постојано се гранатира и е цел на воздушни бомбардирања, во градот се целосно прекинати снабдувањето со гас, топлинска енергија и вода.

    Залихите кои луѓето ги собрале наскоро ќе се потрошат. Струја има само во неколку области, а поголемиот дел од градот е без светло и комуникациите се прекинати, јавија локалните медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img