More

    Британски министер зборува за масовна мобилизација на Русите

    spot_img

    Владимир Путин во наредните денови би можел да објави нова светска војна, предупреди британскиот министер за одбрана, јавија британските медиуми. Бен Волас рече дека рускиот лидер би можел да започне масовна мобилизација и „да го искористи Први мај за да им објави војна на нацистите во светот“.

    Волас во изјава за Ел-Би-Си Радио рече дека Путин, кој „не успеа“ во повеќето негови цели во војната со Украина, може да им објави војна на „светските нацисти“.

    – Не би бил изненаден доколку на 1 мај изјави дека ‘сега сме во војна со светските нацисти и дека мораме масовно да го мобилизираме рускиот народ – рече тој.

    Според него Путин не успеа во речиси сите негови цели и „можеби ќе сака да го консолидира она што го има.“

    Околу осум илјади британски војници ќе учествуваат во вежби во Источна Европа во едно од најголемите по Студената војна.

    Путин на 24 февруари ја започна руската окупација на Украина, оквалификувајќи ја како „специјална операција за ослободување на Украина од нацистите“. Оттогаш, украинските градови се погодени од гранатирање во борба за која британската премиерка Лиз Трас рече дека може да трае 10 години.

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека опасноста од нуклеарна војна е сериозна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img