More

    Британскиот премиер: Украина нема наскоро да влезе во НАТО

    spot_img

    Премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон изјави дека Украина „нема да влезе во НАТО во скоро време“.„Реалноста е дека нема шанси Киев наскоро да се приклучи на НАТО“, рече Џонсон, но додаде дека Украина треба да одлучи.

    Рускиот претседател Владимир Путин долго време ги опиша аспирациите на Украина за влез во НАТО како закана за Русија, што алијансата го негираше.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во вторникот дека Украина сфатила дека не може да се приклучи на НАТО, што е негово најексплицитно признание дека целта, која е содржана во Уставот на Украина, веројатно нема да биде исполнета.

    По неколку рунди преговори меѓу Русија и Украина, Зеленски рече дека руските барања стануваат „сè пореални“.

    На 24 февруари Русија започна воена инвазија на соседна Украина, наведувајќи дека тоа е специјална воена операција чија цел не била окупација, туку „демилитаризација и денационализација“ на таа земја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img