More

    Брентфорд ја забележа најблескавата победа во својата историја

    spot_img

    Екипата на Манчестер јунајтед доживеа големо понижување во натпреварите од Премиер лигата, откако беше прегазена од тимот на Брентфорд со 4-0.

    Сè започна по катастрофалната грешка на Де Хеа, кога Џош Да Силва во 10. минута постигна гол за ерупција на трибините и водство од 1-0. За многу кратко следуваше нова непромислена грешка, Де Хеа и Ериксен приредија мешаница во сопствениот шеснаесетник, а тоа го казни Матијас Јенсен во 18. минута, кој зголеми на 2-0.

    Фудбалерите на Тен хаг никако не можеа да се фокусираат на противникот по ваквите аматерски грешки, а ваквиот пристап кон играта ги чинеше уште еден гол во сопствената мрежа, Бен Ми во 30. минута зголеми на 3-0. Јунајтед пред крајот на првото полувреме веќе губеше со речиси недостижни 4-0, стрелец на голот беше Брајан Мбемо го постави конечниот резулат во 35 минута.

    Јунајтед ја продолжува лошата серија и во новата сезона од англиската Премиерлига, па останува без ниту еден освоен бод. Брентфорд по оваа голема победа има четири бода, откако во првото коло одигра реми со Лестер.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img