More

    Брендан Фрејзер конечно се врати на актерството по долга пауза, но тешко е да се препознае

    spot_img

    Брендан Фрејзер некогаш беше еден од омилените актери на Холивуд и познат како голем заводник, а сега кога конечно се врати на актерството по долга пауза, тешко е да се препознае.

    Некогаш омилениот актер Брендан Фрејзер повторно се враќа на екранот. Откако со години не можевме да го видиме во ниту еден блокбастер, што во 2018 година го објасни со тоа што беше на „црната листа на Холивуд“, познатиот „Џорџ од џунглата“ сега публиката ќе го гледа во драмата „Кит“ (Whale) на Дарен Аронофски.

    Фрејзер глуми екстремно дебел човек со 270 кг, наставник, кој се обидува да се зближи и повторно да се поврзе со својата 17-годишна ќерка. Сега конечно сите можат да ги видат првите кадри и трансформацијата на актерот е, во најмала рака, неверојатна. Двајцата се оддалечиле откако Чарли го напуштил семејството за неговиот нов геј партнер, кој подоцна починал. Ликот на Фрејзер тогаш почнал да се прејадува поради болка и чувство на вина и станал морбидно дебел.

    Инаку, филмот годинава ќе ја има својата премиера на фестивалот во Венеција, по што ќе се прикажува во кината ширум светот. Со него во филмот ќе игра и Сејди Синк, која публиката ја засака во популарната серија „Чудни нешта“, а засега критичарите се позитивно настроени.

    „Тоа ќе биде нешто што никогаш претходно не сте имале можност да го видите“, изјави Фрејзер за „Unilad“ минатата година.

    „Гардеробата, костимот… се е беспрекорно, гломазно… Ова е далеку од се што сум направил, но да не бидам скромен – знам дека ќе има голем одзив во јавноста“.

     

    Да потсетиме, Фрејзер исчезна од очите на јавноста откако го обвини поранешниот претседател на Здружението за странски новинари во Холивуд, Филип Бурк за злоупотреба. Поради овој инцидент, Фрејзер паднал во депресија. Наводно, Бурк се обидел да го бакне и за малку ќе успеал, а актерот тврдел дека потоа плачел „како дете“.

    По овој скандал, кој поранешниот претседател на ХФПА го демантираше, Фрејзер тврдеше дека ретко бил поканет на доделувањето на наградите „Златен глобус“ што го води контроверзното здружение.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img