More

    Бракот на Силвестер Сталоне во криза по 25 години љубов

    spot_img

    Менаџерот на актерот продолжува да негира дека неговиот клиент има љубовни проблеми. Последните потези кои ги пренесоа странските медиуми укажуваат дека на повидок е голема расправија помеѓу долгогодишните сопружници.

     

    Имено, откриено е дека Сталоне ја покрил тетоважата на сопругата на десното рамо, што ја направил пред десетина дена. На местото на ликот на г-ѓа Џенифер дојде саканото милениче, кучето со кое се појави во две продолженија на филмот „Роки“.

     

    „Господин Сталоне инсистираше да ја подобри тетоважата на неговата сопруга Џенифер, но тоа не беше изводливо, па реши да ја смени“, кратко рече неговиот портпарол и додаде: „Господин Сталоне го обожава своето семејство, а неодамна снимија и реално шоу кое ќе се прикажува на „Парамаунт““.

    Од друга страна, и самата Џенифер навести дека во нивниот брак не цветаат рози, бидејќи повеќе не го следи својот сопруг на социјалните мрежи. Имено, таа на Инстаграм објави фотографија со трите ќерки, а во продолжение напиша симболичен текст:

    „Овие девојки се мојот приоритет. Ништо не е поважно од нив. Ние четири засекогаш“, порачала таа, позирајќи со своите прекрасни, сега веќе пораснати ќерки.

    Да потсетиме, на актерот ова му е трет брак, а сегашната сопруга ја запознал во текот на една вечер на Беверли Хилс во 1988 година додека таа работела како модел.

    Набрзо се родила љубов, но брзо раскинале. Се вљубиле, но нивната врска брзо пропаднала бидејќи актерот ѝ пратил проштална телеграма откако манекенката Џенис Дикинсон му јавила дека ја родила нивната ќерка. ДНК тестот покажал дека детето сепак не е негово, па раскинале.

    Тој повторно се соединил со Џенифер Флавин во 1997 година и тогаш решиле да се венчаат. Церемонијата се одржа во хотелот Дорчестер во Лондон, а бидејќи Сталоне беше познат како голем заводник, никој не предвидуваше долг брак.

    „Не сум наивна, знам како сето ова може да заврши. Тој има 45 години и не можам да го сменам. Таков е. А сепак, не е како што мислите. Пет од седум ноќи поминуваме во кревет заедно и навистина не знам кога би нашол време да ме изневери“, рекла своевремено Џенифер. И навистина, од сите бракови на Силвестер, овој со Џенифер трае долги 25 години.

    Тие станаа синоним за складен однос, до сега.

    „Ми требаа 19 години за да сфатам дека таа е секогаш во право. Сфатив дека жените имаат дарба, барем Џенифер, да носат неверојатно промислени, мудри и паметни одлуки. Додека јас секогаш скокам без да гледам, таа секогаш погледнува и никогаш не скока. Таа е неверојатно сигурна. Затоа сега ѝ  ги препуштам сите одлуки нејзе“, изјавил 76-годишниот актер пред неколку години.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img