More

    Бразилскиот претседател ги осуди нападите

    spot_img

    Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се врати во Бразилија и ги посети претседателската палата и Врховниот суд, во кои претходно упаднаа приврзаници на поранешниот шеф на државата Жаир Болсонаро, објави утринава телевизијата „Глобо”.

    Претседателот, кој е на функцијата само една недела, синоќа од Сао Паоло изјави дека неговиот претходник од екстремната десница „ги охрабрувал фашистичките вандали” да ги нападнат властите во Бразилија.

    Лула донесе одлука за „полициска интервенција” со вклучување полициски сили од целата земја за враќање на контролата и безбедноста во главниот град.

    Стотици приврзаници на Болсонаро синоќа упаднаа во зградите на главните институции на власта во Бразилија – Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата.

    Поранешниот бразилски претседател, Болсонаро, чии приврзаници вчера упаднаа во Националниот конгрес, претседателската палата и Врховниот федерален суд, на Твитер ги осуди нападите и рече дека уништувањето јавни објекти е спротивно на правото на мирен протест.

    Во друг твит Болсонаро, кој се наоѓа во во САД, ги отфрли „недокажаните обвинувања” на неговиот наследник Лула, дека за „фашистичкиот вандализам” е виновна реториката на неговиот претходник.

    Претходно светските лидери енергично го осудија упадот на приврзаниците на Болсонаро  во државните институции, барајќи да се смени на новиот претседател да Силва.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img