More

    Бочварски тврди дека владата не се реконструира

    spot_img

    Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека се шпекулации информациите за негово заминување од министерската функција и за реконструкција на владиниот кабинет.

    -Јас мислам дека ова се шпекулцаиии, бидејќи и Владата и партијата СДСМ имаа став по тоа прашање. Она што го слушнавме и видовме, еве министерот за локална самоуправа  Горан Милевски, поднесе оставка, слушнавме дека негов заменик би бил Ристо Пенов, еден искусен политичар и поранешен градоначалник, верувам дека со своето искуство ќе даде помош во работата на Владата. Што се однесува до останатите прашања сметам дека се на ниво на шпекулации – рече денеска Бочварски во гостување на ТВ 24, прашан дали ќе има реконструкција на Владата и дали тој ќе си замине од функцијата.

    Бочварски, меѓу другото, порача дека урбанистичките планови мора да се почитуваат и не смее да се уништува зеленилото.

    За предлог законот за легализација на бесправо изградени објекти што е доставен до Собранието, рече дека е легитимно и да не биде донесен доколку нема заинтерсираност од Парламентот, но оти треба да им се помогне на ранливите категории граѓани кои изградиле дом. Посочува дека од текстот на законот се отстратените сите содржини за кои имаше реакции во јавноста.

    -Законот е во Собрание,  го поднесовме, по првата расправа имаше уште една, со многу засегнати страни, прочистивме се она за што реагираа граѓаните, и заштитени зони и се што беше на увид на јавноста и беше коментирано, на крајот искреиравме ново многу поскратено решение, а Парламентот треба да одлучи дали треба да се донесе или да не се донесе. Ние немаме ништо против и да не се донесе, има граѓани што секогаш го бараат, а има и граѓани кои се против, како и за секое законско решение. Доколку нема заинтерираност во Парламентот тогаш легитимно е мнозинството и да не носи таков закон – рече Бочварски.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img