More

    Борел вели една земја блокира сѐ, Мишел ќе внесува нова енергија

    spot_img

    Денеска не е добар ден, бидејќи требаше да го започнеме пристапниот процес со две земји, но не можеме, затоа што една држава го блокира целиот процес на проширување, изјави денеска во Брисел високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел пред почетокот на Самитот ЕУ – Западен Балкан.

    Тој изрази незадоволство поради недостигот на напредок  во Бугарија во однос на отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, додавајќи дека тоа покажува оти принципот на консензусот не е добро решение за носење одлуки во ЕУ.

    – Овој случај уште еднаш покажа дека консензусот е проблем при одлучувањето. Не можеме да продолжиме, затоа што една земја блокира – потенцираше Борел.

    Тој истакна дека ЕУ мора да стори се за да го вклучи Западниот Балкан во „својот свет“, нагласувајќи дека тоа ќе може да се направи со покана на земјите од регионот да учествуваат на состаноците на министрите за надворешни работи на ЕУ и на други собири.

    – Мораме да продолжиме да го спречиме гаснењето на европскиот пламен на Западниот Балкан – вели Борел.

    Сепак според него, има една добра вест, а тоа е напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина во сферата на енергетиката.

    – Тоа е многу важен чекор напред и ќе продолжиме да работиме понатаму. Можно е да имаме состанок на највисоко ниво до крајот на месецот – додаде европретставникот.

    Колегата на Борел, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, пред самиот почеток на Самитот на ЕУ, денеска истакна дека Унијата е пред важен одлучувачки геополитички момент, бидејќи ќе се носат одлуки во полза на стабилноста и просперитетот.

    Тој изрази уверување дека на Самитот на ЕУ ќе биде донесена одлука за кандидатскиот статус на Украина и Модлавија, како и јасна европска перспектива за тие две земји и Грузија.

    – Имаме важен состанок со лидерите на Западен Балкан и постои желба да внесеме нова енергија во нашиот процес. Во моментов имаме проблем во Бугарија и се обидуваме да ставиме предлози на маса за да можеме што поскоро да ги почнеме пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Тоа е нашиот главен приоритет сега и ќе направиме сѐза да напредуваме во тоа – изјави Мишел.

    Мишел, исто така, кажа дека сите напори што БиХ ги презема на патот кон ЕУ имаа позитивни ефекти за намалување на тензиите и дека ЕУ ќе направи се за да ги направи институциите во земјата функционални.

    – Овој самит е од геополитичко значење, бидејќи ќе носиме одлуки во корист на стабилноста и просперитетот. Западниот Балкан е приоритет за нас и ќе се посветиме на внесување нова енергија во процесот на интеграција – нагласи Мишел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img