More

    Бордот на коморскиот Инвестициски форум ќе заседава во Охрид

    spot_img

    На 21 и 22 јули во Охрид, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, во својство на копретседавач на Коморскиот инвестициски форум, ќе биде домаќин на членовите на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум, асоцијација на 6 стопански комори од регионот на Западен Балкан.

    Во рамки на дводневната посета, Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум, покрај своите работни состаноци на кои ќе се дискутира за прогресот во имплементација на активностите насочени кон воспоставувањето на Заедничкиот регионален пазар на Западен Балкан, ќе реализира и повеќе работни средби.

    Планирано е одржување на работен состанок со претседателот на Владата Димитар Ковачевски и членови на Владата, на кои ќе се дискутира за потенцијалите за унапредување на регионалната соработка во Западен Балкан и обезбедување на регионални одговори за предизвиците со кои се соочуваат македонските компании. Ќе биде одржана и работна средба со градоначалникот на општина Охрид, на која ќе се разговара за можностите за искористување на туристичките потенцијали, како и за зајакнување на регионалната туристичка соработка. Делегацијата на Коморскиот инвестициски форум ќе реализира и посета на компанијата „Костал Македонија“, водечка компанија од автомобилската индустрија во македонската економија и една од најголемите странски директни инвестиции во земјата.

    Како дел од тековните активности, КИФ ја воспостави Платформата Западен Балкан-ЕУ, во која членуваат Бизнис советот на КИФ и Европската комисија, ја предводи Регионалната програма за развој на добавувачи, во рамките на која беа мапирани повеќе од 2.000 компании од автомобилската, прехранбената и лесната преработувачка индустрија, беа изготвени Market Access и Market Intelligence датабазите и се обезбедува техничка помош за компании за пристап до финансии и за дигитализација, организираше заедничко саемско претставување за компании од регионот и регионални бизнис настани во Тирана, Мостар, Подгорица и Сараево, тренинзи и инфо-денови за компаниите, и го имплементира Регионалниот Фонд за предизвици, преку кој се достапни повеќе од 35 милиони евра грантови за имплементација на модели на дуално образование во Западен Балкан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img