More

    Борбата со корупцијата, регионалната и економската соработка ќе бидат во фокусот

    spot_img

    Билатералните односи меѓу Скопје и Вашингтон, но и прашања од глобален интерес ќе бидат во фокусот на стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД што почнува денеска во Вашингтон, а на кој значајно место во разговорите ќе имаат и темите од областа на регионалната соработка, одбраната и безбедноста, енергетиката, економската соработка, трговијата и инвестициите, културната соработка, како и прашањата од областа на образованието, демократскиот развој и борбата против корупција.

    На разговорите воедно, ќе стане збор и за евроинтегративните процеси на Северна Македонија и регионот, идното претседавање на земјава со ОБСЕ во 2023 година, како и за актуелните безбедносни предизвици и нивните импликации врз трансатлантската безбедност.

    Делегацијата на РС Македонија ја предводи шефот на дипломатијата Бујар Османи, а во нејзин состав се и министрите за одбрана Славјанка Петровска, за економија Крешник Бектеши и за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Дополнително, преку видео-конференциска врска на Стратешкиот дијалог ќе се приклучи и вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска. Официјален домаќин од американска страна ќе биде помошникот државен секретар Карен Донфрид, која неодамна ја посети Северна Македонија.

    По завршувањето на Стратешкиот дијалог предвидено е да биде донесена Заедничка изјава меѓу Северна Македонија и САД, со која ќе бидат реафирмирани заедничките заложби за понатамошно надградување на билатералните односи и соработката меѓу двете земји.

    Во рамки на престојот на Вашингтон, предвидено е членовите на владината делегација да остварат повеќе билатерални средби. Османи, како што е најавено, ќе има билатерални средби со високи државни претставници на САД, како и истакнати личности од граѓанскиот сектор и тинк-тенк организации.

    Бектеши вчера се сретна со американскиот помошник секретар за енергетика Ендру Лајт, а предвиедно е да учествува и на состаноци со претставници на Американскo-централноевропското бизнис здружение (АЦЕВА) и со претставници на Националниот демократски институт и Националниот републикански институт.

    Министерката Петровска вчера имаше неколку средби со тинк-тенк заедницата, како и официјална вечера со помошничката на секретарот за одбрана, Селесте Валандер, а положи и венец на Гробот на незнајниот војник на Националните воени гробишта „Арлингтон” во Вашингтон. Таа во Пентагон ќе се сретне и со потсекретарот за одбрана, задолжен за политички прашања Колин Кал, со командантот на Националната гарда на САД, генералот Даниел Хокансон, командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт и секретарот на Копнената војска на САД, Кристин Вормунт. Петровска во Стејт департментот ќе има средба и со помошничката на државниот секретар и шеф на Бирото за воено-политички работи, Џесика Луис.

    Костадиновска-Стојчевска, пак ќе ги посети Националниот демократски институт (НДИ) и Меѓународниот републикански институт (ИРИ), а предвидено е еден сегмент од дискусиите да биде посветен на практика што е потребна во нашата држава за да се спречи нелегалната трговија на уметнички дела и артефакти.

    Северна Македонија е прва земја од Западен Балкан што отвора Стратешки дијалог со САД, кој воедно претставува надградба на досегашното стратешко партнерство меѓу двете земји и подигнување на билатералните односи на повисоко ниво.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img