More

    Болсонаро иронично му се заблагодари на Леонардо Дикаприо за поддршката

    spot_img

    Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро иронично му се заблагодари на Леонардо Дикаприо за поддршката, откако актерот ги повика младите Бразилци да гласаат на претседателските избори што треба да се одржат во текот на годината.

    „Ти благодарам на поддршката, Лео! Навистина е важно секој Бразилец да гласа на претстојните избори“, напиша Болсонаро на Твитер.

    Тој, исто така, нагласи дека народот на Бразил „ќе одлучи дали сака да го задржи суверенитетот над Амазон или да биде управуван од измамници кои им служат на одредени интереси на странски земји“.

    Болсонаро се соочува со критики за еколошката политика на неговата Влада и е обвинет за забрзување на уништувањето на шумите во Амазон.

    Дикаприо пред два дена на Твитер објави дека Бразил е дом на Амазон и други екосистеми кои се од витално значење за климатските промени.

    Болсонаро за време на својот мандат значително ја намали заштитата на животната средина во Бразил.

    „Тоа што се случува таму е важно за сите нас, а гласањето на младите е клучно за иницирање промени за здрава планета“, напиша Дикаприо на Твитер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img