More

    Болдвин ќе биде обвинет за убиство од небрежност затоа што пукал во камерманката Халина Хачинс, која беше убиена за време на снимање филмот „Рѓа“

    spot_img

    Холивудскиот актер Алек Болдвин ќе биде обвинет за убиство од небрежност затоа што пукал во камерманката Халина Хачинс, која беше убиена за време на снимање филмот „Рѓа“.

    Болдвин претходно кажа дека не знаел дека во пиштолот има вистински куршуми. Тој вежбал сцена за вестерн-филмот „Рѓа“ кога се случи пукањето на ранч во близина на Санта Фе, Ново Мексико во октомври 2021 година.

    Хана Гутиерез Рид, која била одговорна за оружјето за филмот, исто така, ќе биде обвинета за убиство од небрежност.

    „По темелно разгледување на доказите и законите на државата Ново Мексико, утврдив дека има доволно докази за поднесување кривична пријава против Алек Болдвин и другите членови на филмската екипа на ‘Рѓа’. Во мојата позиција, никој не е над законот и сите заслужуваат правда“, рече окружната обвинителка во Санта Фе. Мери Кармак-Алтвис.

    Одлуката за поднесување кривична пријава ја објавила заедно со обвинителката Андреа Риб, околу три месеци откако го добиле конечниот извештај за инцидентот од канцеларијата на шерифот во Санта Фе.

    Доколку бидат прогласени за виновни, и Болдвин и Гутиерез-Рид се соочуваат со затворска казна до 18 месеци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img