More

    Блинкен му порача на својот руски колега Лавров дека руската анексија на Украина никогаш нема да биде прифатена

    spot_img

    Американскиот државен секретар Антони Блинкен му порача на својот руски колега Сергеј Лавров дека руската анексија на Украина никогаш нема да биде прифатена, јави ДПА.

    Блинкен појасни дека освен на тема за можна размена на затвореници, тој го одржал разговорот со Лавров во контекст на неодамнешните изјави од Кремљ за плановите да се продолжи со понатамошна анексија на украинската територија.

    Тој ги коментираше зборовите на самиот Лавров за уривање на демократски избраната украинска влада, велејќи: „Тие планови никогаш нема да бидат прифатени“.

    – Светот нема да признае анексии, ќе ѝ наметнеме дополнителни значителни трошоци на Русија доколку таа продолжи со своите планови – соопшти Блинкен по првиот разговор меѓу двајцата министри од почетокот на војната во Украина.

    – Ние, исто така, ќе продолжиме да стоиме со поддршката на Украина за нејзината способност да се брани и да наметне загуби за Русија додека таа не стави крај на својата агресија – рече Блинкен.

    Американскиот државен секретар изјави и дека разговарал со неговиот руски колега за можното ослободување на двајца американски државјани затворени од Москва.

    Тој соопшти дека имал „искрен и директен разговор“ за понудата за ослободување на американската кошаркарка Бритни Гринер и на Пол Вилан.

    – Го притиснав Кремљ да го прифати суштинскиот предлог што го дадовме за ослободување на Пол Вилан и Бритни Гринер – рече Блинкен.

    Лавров пак му одговорил на Блинкен дека Вашингтон не го исполнува ветувањето дека испораките на храна од Русија ќе бидат ослободени од санкции.

    Руското Министерство за надворешни работи наведе и дека во денешниот телефонски разговор Лавров му рекол на Блинкен дека Русија ќе ги постигне сите цели од својата „специјална воена операција“ во Украина и дека испораката на оружје од Запад само ќе го продолжи конфликтот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img