More

    Благ пораст на бројот на починати од ковид-19 во светот

    spot_img

    По пет недели во кои бројот на починати од ковид-19 во светот се намалуваше, ситуацијата се менува, па во последната седмица бројот на починати е за четири отсто поголем од една недела претходно, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.

    Според овие податоци, во светот од 6 до 15 јуни починале 8.700 луѓе. Во исто време, регистрирани се 3,2 милиони заболени, што е бројка слична на оние од претходните недели.

    На регионално ниво, пораст на бројот на заразени е регистриран во регионот на Источниот Медитеран, Североисточна Азија и Америка. Бројот на починати исто така се зголеми во Америка и Западниот Пацифик.

    Вкупно, од ковид-19 досега се заболеле над 533 милиони луѓе, додека над 6,3 милиони починале.

    Во моментов најголем број заразени се регистрирани во САД (743.723), Кина (501.146) и Германија (281.706). Најголем број на смртни случаи минатата недела имаше и во САД (2.367), Кина (1.201) и Бразил (989).

    СЗО, исто така, предупредува дека овие податоци мора да се земаат со претпазливост, имајќи предвид дека голем број земји имаат ограничено тестирање на ковид-19, што влијае и на бројот на регистрирани случаи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img