More

    Благодарение на оваа земја, Москва урива рекорди

    spot_img

    Додека Европската унија расправа дали да воведе ембарго на рускиот гориво или не, Грција стана главен превозник на руската нафта, тврди агенцијата Анадолија, пренесува Б92. Благодарение на Грција, Москва урива нови рекорди во однос на приходите од продажба на енергија. Дека Грција се јавува како кон нов центар за извезување на нафта пишуваше и Ројтерс, во анализа каде се вели дека рекордни количества руски мазут биле забележани во април.

    Трговијата со руска сурова и нафтени производи засега останува легална бидејќи Европската унија допрва треба целосно да се согласи за предложеното ембарго.

    Во април, испораките на руски мазут со Грција како дестинација достигнаа речиси 0,9 милиони тони, што е двојно ниво од март и може да достигне нови рекорди во мај, според податоците на Refinitiv. Податоците велат дека поголемиот дел од ова бил испорачан од руските пристаништа до грчкото пристаниште Каламата.
    Грчкото Министерство за енергетика одби да коментира за, како што рече, бизнис на приватни компании.

    Танкерот „Евридики“, кој има капацитет да натовари 130.000 тони, натоварил товар од руски мазут во средината на април кај Каламата, рекоа два бродски извори.

    Танкерот потоа тргна кон нафтениот центар на Обединетите Арапски Емирати Фјаира, покажуваат податоците на Refinitiv. Русија го зголемува извозот на гориво во центарот, при што пристигнувањата ќе скокнат на околу 2,5 милиони барели според податоците од нафтената аналитичка компанија Vortexa.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img