More

    Битолчанец украл златен накит од златарница во вредност од 31.500 евра за што доби притвор во трање од 30 дена

    spot_img

    Битолчанец украл златен накит од златарница во вредност од 31.500 евра за што доби притвор во трање од 30 дена, објави Основното јавно обвинителство Битола.

    Како што соопшти Обвинителството, осомничениот на 29 јуни влегол во златарница на булеварот 1 Мај во Битола и почнал да разговара со сопственикот. Искористувајќи го моментот додека оштетениот бил наведнат позади пултот, осомничениот на дрзок начин одзел златен накит со вкупна тежина од околу 330 грама (златни прстени, ланци, обетки, стари пари) со проценета вредност од околу 16.500 евра, како и повеќе парчиња други вредни предмети во вредност од околу 15.000 евра. Потоа веднаш со трчање го напуштил објектот на златарницата, стекнувајќи се со противправна имотна корист од значителна вредност.

    Оценувајќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена. Битолќанецот е осомничен за кривичното дело Тешка кражба од член 236 став 2 во врска со став 1 точка 3 од Кривичниот законик.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img