More

    Битката ќе биде една од најбруталните кои Европа ги видела

    spot_img

    Последниот трет мост кој го поврзува клучниот град Северодоњецк со остатокот од Украина беше срушен од Русите со што се прекинати патиштата за евакуација на граѓаните. Според украинскиот претседател Володимир Зеленски битката која се води во градот ќе биде запаметена „како една од најбруталните кои Европа некогаш ги видела“. Аналитичарите сметаат дека од битката ќе зависи судбината на регионот Донбас, пишува Нова.

    Додека украинските сили вчера објавија дека биле истиснати од центарот на градот, Ројтерс објави дека руските трупи „се обидуваат да се зацврстат во централниот дел на градот“.

     

     

     

    – Ситуацијата во Северодонецк е крајно отежната – Русите уништуваат високи згради и (фабриката) Азот – рече Сергеј Гајдај, гувернер на областа Луганск, во објава на Телеграм.

    Ден претходно Гајдај рече дека стотици цивили се засолнети во теренот на хемиската фабрика „Азот“, која беше гранатирана од руските сили. Украина упатува сè поитни повици за повеќе западно тешко вооружување за да помогне во одбраната на Северодоњецк.

     

    Русија конечно постигна напредок околу Харков

    Британското Министерство за одбрана објави нов извештај на своите разузнавачи за ситуацијата во Украина. Во новиот извештај се наведува дека руските сили постигнале „мал напредок“ околу североисточниот град Харков за прв пат во последните недели. Разузнавањето посочува дека руските сили сè уште се главно фокусирани на освојувањето на Северодонецк во источна Украина.

    Дете загина во гранатирање на пазар и на болница

    Проруските сепаратисти од Доњецк тврдат дека во вчерашното гранатирање на пазар и породилиште загинале пет лица, меѓу кои и едно дете. Бројот на повредени е најмалку 22. Руските медиуми тврдат дека гранати паднале на пазарот и болницата чии пациенти биле испратени во подрумот.

    Киев не го коментираше нападот.

     

     

    Целта е заштита на ДНР и ЛНР

    Главната цел на руската воена операција во Украина е заштита на самопрогласената Доњецка Народна Република и Луганската Народна Република, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе РИА Новости.

    – Генерално, заштитата на републиките е главната цел на специјалната воена операција – рече Песков.

    Украина ќе добие кандидатски статус за ЕУ?

    Порталот Политико цитира неколку неименувани функционери кои тврдат дека Европската комисија ќе препорача Украина да добие официјален статус на земја кандидат за членство во ЕУ. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во саботата изјави дека мислењето на ЕУ за барањето на Украина ќе биде објавено до крајот на неделата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img