More

    Битиќи тврди дека има решение, ако има дијалог и преговори

    spot_img

    Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека усогласувањето на платите ќе се направи преку дијалог и преговори, исто онака како што беше постигнат договор меѓу социјалните партнери за зголемување на минималната плата.

    Имаме период од 6 месеци, решенијата се на маса и тоа ќе се направи преку преговори, рече Битиќи.

    Тој потсети дека е постигнат консензус за зголемување на минималната плата и договор за нивелирање на останатите плати со минималната плата и дека првпат има системско решение кое ќе овозможи зголемување на минималната плата во иднина.

    – Се постигна договор дека ќе има и нивелирање и усогласување на минималната плата, не само во приватниот сектор, туку и во јавниот сектор. Не би било коректно како Влада да кажеме дека можеме да бараме нешто од приватниот сектор, ако ние самите не покажеме доследност во примената на законските решенија. И затоа веќе на првата владина седница откако се усвои Законот за минимална плата донесовме одлука за нивелирање на сите плати во јавниот сектор до ниво на минимална плата и имајќи го во предвид членот 8 од Законот за минимална плата рековме дека периодот на усогласување ќе биде 6 месеци. За жал, некои тоа го искористија за лошо и пред да започнеме дијалог за усогласување на платите во целиот јавен сектор, влегоа во активности коишто ги гледавме деновиве како што беше штрајкот во образованието – рече Битиќи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img