More

    Битиќи: До 2026 година, минималната плата ќе биде 22.000 денари само со усогласување, без никакво интервенирање

    spot_img

    До 2026 година, минималната плата ќе биде 22.000 денари само со усогласување, без никакво интервенирање, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата „Утрински брифинг“ кој зборуваше за проекциите на владата.

    Тој го поздрави вчера постигнатиот договор за минималната плата од 18.000 денари, укажувајќи дека целта е да се креираат механизми со кои граѓаните ќе се извлечат од прагот на сиромаштија во кој биле години наназад.

    – Во 2016 година, уделот на минималната плата беше 38 проценти од просечната плата, а сега со поставување на уделот од 57 отсто сме сигурни дека никогаш нема да паднат под прагот од 57 отсто – рече вицепремиерот Битиќи.

    Во однос на барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се усогласат и платите во јавниот сектор, Битиќи укажа дека усогласувањето на платите е дел од законското решение и дека усогласувањето ќе биде направено со член 8.

    – Сите плати треба да се усогласат со минималната плата. Нема поделба на јавен и приватен сектор. Законите се носат врз основа на параметри кои треба да овозможат праведност и правичност – рече Битиќи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img