More

    Битиќи вели дека усогласување на платите било договорено за 6 месеци

    spot_img

    Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, смета дека СОНК не им даде шанса на преговорите кои беа во тек и се одлучи на штарајк.

    -И покрај неколкуте обиди да преговараме, сепак повикаа на штрајк – рече Битиќи во емисијата „Утрински брифинг“.

    Тој рече дека штрајкувањето е парцијално бидејќи градоначалниците повикале воспитно-образовниот процес  да продолжи затоа што децата треба да бидат приоритет.

    -Во Економско-социјалниот совет беа вклучени и СОНК и КСС, иако не се репрезентативни синдикати. На преговорите за минималната плата се договоривме дека усогласувањето ќе се врши во рок од 6 месеци, но сепак, само 3 дена после тие најавија дека на 11 април ќе има штрајк – рече Битиќи.

    Тој посочи дека за Владата е највисок приоритет подобрување на животниот стандард на граѓаните и дека покрај порастот на минималната плата, пораснала и просечната од 21.000 на 30.000 денари.

    -Усогласувањето рековме дека ќе го има, но притоа мора сите да сме свесни за состојбите во кои се наоѓаме. Истовремено, исходот на преговорите за минимална плата имаше 3 резултати. Прво –  зголемена минимална плата, второ – консензус дека ќе има усогласување, дека за усогласувањето ќе се применува членот 8-а којшто дава период од 6 месеци и сите чинители таму рекоа – да, го прифаќаме тој предлог, вклучително и СОНК и другите, и КСС и другите – рече Битиќи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img