More

    Бил Гејтс по разводот тагува во вила со 18 бањи

    spot_img

    Еден од најбогатите луѓе на светот Бил Гејтс отворено зборувал за разводот од сопругата Мелинда, не криејќи дека сето тоа нималку лесно не му паднало.

    Гејтс во интервју за „Сандеј тајмс“ проговори за приватниот живот и за деталите од бракот и разводот со Мелинда.

    – Секој брак, кога децата заминуваат од дома, поминува низ транзиција. Мојот, за жал, помина низ транзиција која се вика развод. Но, од мој аспект тоа беше одличен брак. Не би го менувал. Не би одлучил да се оженам за некоја друга – рекол Гејтс.

    Милијардерот открил дека најтешко му било кога децата заминале од куќата. Најмладата ќерка заминала на колеџ, па сега нивната вила во Сиетл со 18 бањи е празна.

    – Ја имам оваа прекрасна куќа која е погодна за големи дискусии. Но, најголем дел од времето изгледа преголемо. Јас сум само мала личност. Ми недостасуваат нередот и вревата. Не работам многу домашни работи, но во нормалните денови секогаш миев садови бидејќи сум добар во тоа, а некое од децата ми помагаше – раскажал Гејтс.

    За односот со Мелинда по разводот, вели дека е среќен што сѐ уште може да работи со неа и рекол дека понекогаш се гледаат.

    – Имаме супер важен, слижен близок однос на кој одлучивме заедно да работиме. И многу сум среќен што почнавме заедно да работиме. Заедно ја изградивме Фондацијата, имаме три неверојатни деца. Тагувам како и таа. Ние пораснавме заедно. Кога се оженив, „Мајкрософт“ беше голема работа. Но, јас бев млад 38- годишник, а таа зрела 28-годишна девојка. Многу направивме заедно – рекол Гејтс.

    Милијардерот признава дека со Мелинда било мошне лесно да се договори за распределбата на имотот и парите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img