More

    Бизнисот бара 3 години да не се менува даночниот систем

    spot_img

    Стопанската комора бара во наредните 3 години да не се менува даночниот систем во земјава, навреме да се реализира повратот на ДДВ и во законските рокови да му се плаќа на приватниот сектор за завршената работа. Ова денеска преку видеопорака го соопшти  потпретседателот на Стопанската комора Зоран Јовановски.

    Според Јовановски, секогаш кога има криза, а во моментов се неколку истовремено, по правило постои голема неизвесност за иднината, а тоа многу го отежнува работењето на фирмите. Затоа, додава тој,  треба да се обезбеди колку што е можно поголема предвидливост на условите за работење.

    – Имајќи го предвид сето ова, како и важната улога на даночната политика, Стопанската комора укажува на потребата во наредниот период од две-три години да не се менува даночната политика, да не се зголемуваат даночните стапки и да не се менува начинот на оданочување; навремено да се врши враќањето на данокот на додадена вредност и навремено да се сервисираат обврските на јавниот спрема приватниот сектор – вели Јовановски.

    Тој го презентира и ставот на бизнис заедницата дека државата треба да ја сведе сивата економија на минимум за да собира повеќе пари во државната каса.

    –  Значи, да се наплаќа од оние кои избегнуваат да ѝ платат на државата, а не да се зголемуваат даноците за оние кои редовно си ги извршуваат финансиските обврски спрема неа – рече тој.

    Јовановски го повтори ставот на бизнисмените дека законите кои се од нивна важност да се носат на транспарентен начин со директно учество и на претставници од бизнисот.

    -Тоа значи дека мора да престане носењето важни економски закони без консултација со бизнисот, затоа што така се пропушта шансата да се изберат најдобрите законски решенија, со кои најмногу ќе се придонесе за развој на македонската економија – вели Јовановски.

    Овие барања ги донел  УО на Комората како дополување на претходните барања за носење на мерки за надминување на мултикризата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img