More

    Бидувањето во вселената подолго време може целосно да им го одземе видот на луѓето, односно на оние кои ќе сакаат да освојуваат нови планети

    spot_img

    Бидувањето во вселената подолго време може целосно да им го одземе видот на луѓето, односно на оние кои ќе сакаат да освојуваат нови планети. Науката предупредува за синдромот САНС кој може да му ги промени плановите на Илон Маск, кој сака да го колонизира Марс во следните десет години, пишува 24сата.

    – Времето поминато во вселената полека им го уништува видот на астронаутите. Долго време го проучуваме САНС (невро-окуларен синдром поврзан со вселенски летови) и гледаме промени кај луѓето – вели Марк Розенберг, предавач на Медицинскиот факултет во Јужна Каролина и веднаш додава:

    – Астронаутите на мисиите носат дополнителен пар очила бидејќи знаат дека видот ќе им се влоши за време на нивниот престој во вселената – вели овој доктор кој својот живот го посветил на проучување на астронаутите по нивното враќање на Земјата, пишува Дејли Стар.

    – Тоа би значело дека долг престој на нова планета или во вселенски патувања ќе доведе до губење на видот кај луѓето – објаснува тој.

    Според многу експерти, од планетите блиски до нас, Марс би можел да биде единствениот кандидат за планета која е вредна да се обидеме да ја населиме. Некои од нив неодамна предложија да се постави големо магнетно поле околу идната човечка база на Марс за астронаутите да бидат заштитени од јаката радијација.

    Тоа и не е така неразумно ако поставите дузина сателити околу планетата кои ќе проектираат електромагнетни зраци. Барем е подобро од идејата Марс да се бомбардира со нуклеарки за илјадници години потоа ова да создаде озонска обвивка слична на Земјата.

    Но, сега ова? Слепилото е предизвик за медицината. Останува да видиме што ќе смислат научниците за неговото надминување во вселената.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img